Затвореник од Идризово ја претепал сопругата, ги земал децата и заминал


Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 - годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено - поправна установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги земал децата и заминал од домот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

16.04.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега