Заврши распитот на Јанева: Знае каде се парите но не знае каде е Камчев

Специјалната обвинителка Катица Јанева по скоро пет часа во Обвинителството каде даваше исказ за случајот Рекет пред Вилма Рускоска, излезе од зградата со својот адвокат.

- Се работи сѐ уште за истрага. Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате, рече таа пред насобраните новинари.

На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори да. Таа на новинарско прашање одговори идека не знае каде е Орце Камчев и дека не се чувствува виновна. 

Беше повикана на распит откако се слушна нејзиниот глас во видеата на Ла Верита за Рекет, како му вели на Орце Камчев дека се ќе биде добро.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега