Здружението на летните ноќни клубови на Скопје: Добивме дозвола за работа и по полноќ

 

„Сакаме да ве известиме дека нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат“, се вели во соопштението од Здружението на летните ноќни клубови на Скопје.

„Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот по полноќ“, велат оттаму.

Од Здружението истакнуваат дека „младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите во Македонија и во светот да се забавуваат, да се социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови“.

11.08.2022 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега