Зекири: Гладна кокошка просо сонува

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, откако весникот Коха објави дека веќе е договорена коалиција меѓу Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами и Мендух Тачи, на Фејсбук напиша дека гладна кокошка, просо сонува.

 

Kоха објави дека е постигнат договор за премиерското место на кое ќе ротираат – СДСМ три години и една година кандидатот на ДУИ.

Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните. 

Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста. 

СДСМ најавува дека ќе преговара по 4 август. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега