Зекири: Судиите ги избираа Мијалков и Муса

Потпреседателот на СДСМ и републички пратеник Мухамед Зекири, во интервју за ТВ 21 побара неговата партија да не му помага на коалицискиот партнер ДУИ.

Според Зекири, Албанците коишто гласале за СДСМ, гласале и за да ги казнат ДУИ.

– Во 2016-та албанските гласови за СДСМ беа против режимот на ВМРО и ДУИ. Мислам дека во електоратот многу не има оштетено коалицирањето со ДУИ, особено на локалните избори и при нашиот заеднички настап. Најмалку четири големи општини ДУИ ги има добиено од гласовите на СДСМ, вели Зекири за Тв21.

Според него, Судот работи по диктат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

- Судии се вработувани од страна на Муса Џафери, Блерим Беџети и Сашо Мијалков, вели тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега