Зеленски го вклучи црвениот аларм, а на својот народ му порача: Бидете подготвени на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди граѓаните на неговата земја за продолжување на руските напади во неколку преостанати денови од 2022 година.

„Мораме да бидеме свесни дека нашиот непријател ќе се обиде да ни го направи ова време мрачно и тешко“, рече тој во своето секојдневно видео обраќање вчеравечер. Русија изгуби се што можеше да загуби оваа година, рече тој. „Но, по ракетните напади врз нашата земја, врз нашиот енергетски сектор, се обидува да ги компензира своите загуби со лукавството на неговите пропагандисти“.

„Знам дека темнината нема да не спречи да ги водиме окупаторите во нивните нови порази“, продолжи Зеленски. „Но, мораме да бидеме подготвени за секое сценарио.

Зеленски упати остри зборови до руската армија, која во саботата со артилериски напади во Керсон на југот на земјата уби најмалку 16 лица, а рани уште 64.

„Ќе го најдеме секој убиец“, рече украинскиот лидер. Киев смета дека на политичките и воените лидери на Русија треба да им се суди за војната пред меѓународен суд по моделот на судењата на нацистите во Нирнберг по Втората светска војна.

„Русија не сака преговори и се обидува да ја избегне одговорноста за војната“, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател.

„Тоа е очигледно, така што одиме кон Трибуналот. Самата Русија ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“, напиша понатаму Подољак. Нема други „страни, мотиви или геополитика“, додаде тој.

Последниве денови Путин неколку пати ја покажа својата подготвеност за преговори, но не како одговор на предусловите поставени од Киев.

Додека Москва би преговарала врз основа на моменталната состојба на првите линии на фронтот, Киев прво бара целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година, пренесе Индекс.хр.

26.12.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега