Земјите во кои се носат маски имаат 100 пати помала смртност од коронавирусот

Ново истражување во кое се анализирани податоци за смртноста од коронавирус утврди дека земјите кои вовеле пракса за задолжитечно носење маски во почетната фаза од епидемијата или каде граѓаните самоиницијативно ја усвоиле таа пракса имале стапкна на смртност и до 100 пати помала од оние во кои тоа не било случај.

-Ги прегледавме податоците за 198 земји ширум светот и смртноста од коронавирус. Утврдивме дека земјите каде маските се воведоа порано – пред епидемијата да имаше шанси да се прошири во нивната земја, имале многу ниска смртнсот, објаснува Кристофер Лефлер, лекар и професор од Вирџинија Комонвелт Универзитетот.

-Ги имате исто такаТајван, Хонгконг, Макао (освен Јапонија и Јужна Кореја), земји во кои маските рано почнаа да се користат. Виетнам и Тајланд се добри примери зошто го задржаа бројот на смртни случаи по глава на жител на многу ниско ниво, вели Лефлер.

Разликата меѓу земјите во кои маските се носеле и оние каде не се носеле била голема – стапката на смртност расте 8% неделно во првите, во просек, а дури 54% неделно во другите.

Кога коронавирусот кон крајот на јануари почна да се шири од Кина кон другите земји, се чинеше дека оние соседните ќе бидат посебно тешко погодени.

Една од тие земји, Тајланд, се чинеше посебно ранлива – популарна дестинација за кинеските туристи, за илјадници луѓе кои тој месец допатуваа од Вухан, изворот на епидемијата во Кина. И покрај тоа. Тајланд кој има 68 милиони жители, до денеска има само 3.158 потврдени случаи, од кои 3.038 се опоравиа и само 58 починаа.

Бројот на починати од ковид – 19 на милион жители во Тајланд е 0,8. Во САД, заради споредба, 376. Во Шведска 516, во Велика Британија 635, а во Белгија дури 893.

 

Зошто Тајланд толку добро помина, токму како и другите источно азиски земји? Јапонија, земја од 126 милиони жители, има помалку од илјада потврдени смртни случаи, осносно само 8 смртни случаи на милион жители. Јужна Кореја, со 51 милион жители, има 282, односно 6 на милион жители. Тајван, со 36 милиони жители, има само 7 смртни случаи, односно 0,3 на милион жители. И Кина имаше релативно низок официјален број на заразени и починати, но тие бројки многумина ги доведоа под сомнеж поради природата на кинескиот режим.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега