Земјотрес од 3,6 степени по Рихтер регистриран и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер е регистриран ноќеска во реонот на Шипово, Босна и Херцеговина.

zemj

Мрежата на Сеизмолошките станици на Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска евидентирале земјотрес во 2 часот и 57 минути со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер и проценет интензитет во епицентралната зона од пет степени според Меркалиевата скала. Земјотресот бил на длабочина од 2,5 километри.

1zemj

 
 
14.09.2016 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега