Земјотрес од 7 степени - Населението во Индонезија во паника ги напуштало домовите

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ја погоди Индонезија, по што властите издадоа предупредување за можна појава на цунами.

земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри, а со епицентар 138 километри северозападно од островот Тернате, соопшти Американскиот геолошки институт.

Властите соопштија дека регионот најверојатно нема да биде погоден од цунами, но во случај на толку силен земјотрес тоа е вообичаена пракса.

Локалните медиуми соопштуваат дека населението во паника ги напуштило своите домови. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега