Земјотрес почувствуван во Македонија - граѓаните вознемирени

Вечерва во 22:14 часот во дебарско почувствуван е земјотрес, кој ги вознемири посебно жителите во Дебар, каде истиот беше и најсилно почувствуван.

Посебно вознемирени беа оние кои живеат во повисоките катови на стамбените згради.

Според првичните информации кои ги пренесуваат албанските медиуми епицентарот е на шест километри од градот Лежа со јачина од 4,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе албански градови, Фуш Круја, Драч, Скадар и Тирана.

17.10.2021 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега