Згодната италијанска водителка му го скрши срцето на боксерот: „Се чувствувам како нокаутиран откако ме напушти“

Еден од најдобрите боксери во Италија една година беше во врска со најпознатата и најатрактивна спортска новинарка во Италија, а веројатно и во Европа. И тогаш таа го напушти пред неколку недели.

Таа замина на одмор, а тој се обиде да ја заборави. Нивната љубовна приказна невообичаено влезе во светот на спортот, италијанските спортски медиуми посветуваа многу внимание, а многумина тврдат дека само Кристијано Роналдо е поголем бренд во Серија А од Дилета.

 
 
 
View this post on Instagram

 

A post shared by Scardina Daniele Toretto (@danieletoretto) on Jul 5, 2020 at 9:11am PDT

Неодамна, Скардино даде интервју за списанието „Чи“ во кое плачеше затоа што Дилета го оставила, а тоа го објавија и многу други италијански медиуми. Може да се каже дека љубовниот живот на Дилета во медиумскиот простор беше заменет со оној на Ванда Нарa.

"Ја сакам. Не ја изневерував и таа е најдоброто што животот можеше да ми донесе. Јас сум боксер и не се фрлам на подот, но се чувствувам како нокаутиран откако ме напушти. Сакам да ми се врати , подготвен сум повторно да ја освојам “ , рече тој низ солзи.

 
 
 
View this post on Instagram

Young Wild & Free

A post shared by Scardina Daniele Toretto (@danieletoretto) on Jun 16, 2020 at 12:07pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега