Зголемен бројот на новозаразени во Израел- за првпат од месец март регистрирани 2000 заразени

Министерството за здравство на Израел денес објави дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на ковид-19 во понеделникот, што е највисоко за 24 часа од месец март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а позитивната стапка е 2,32 проценти.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на коронавирусот во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на владата да не патуваат без потреба, меѓународниот аеродром во Израел Бен Гурион е полн со патници.

Зголемувањето на бројот на заразени се припишува на ширењето на „делта сојот“ на вирусот во последните неколку недели и повторно се воведени санитарни мерки, кои беа скоро целосно укинати порано, а се препорачува употреба на заштитни маски и изолација, јавуваат израелските медиуми.

Денес министерот за здравство, Никан Хоровиќ, го повтори повикот на премиерот на Израел, Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите што досега не го сториле тоа.

Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.

Хоровиќ исто така рече дека Министерството размислува дали да им даде на постарите граѓани трета доза на вакцината „ковид“ - 19, и покрај фактот што нема податоци од производителите за клинички испитувања.

Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.

Меѓу повеќе од 13.000 активни случаи, 138 пациенти се во сериозна состојба, од кои 25 на респиратор. За споредба, во екот на третиот бран на инфекција во јануари, имаше повеќе од 1.200 тешки случаи на ден.

За време на пандемијата починаа 6.461 лице.

27.07.2021 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега