Зголемен бројот на новозаразени во Србија - Вучиќ поддржувач на идејата за задолжителна вакцинација

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 125 нови случаи на коронавирус од 8.868 тестирани, а едно лице почина, објави РТС.

Вирусолозите велат дека делта-сојот циркулира и дека е потребно време да стане доминантен.

Вирусологот проф. Тања Јовановиќ истакна дека масовната вакцинација е приоритет и додаде дека колку подолго вирусот е во циркулација, толку повеќе можности има да се менува, како и дека со секој нов вид потребно е да се подигне нивото на колективен имунитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тој лично е поддржувач на идејата за задолжителна вакцинација за одредени категории население, што е правило за здравствените работници во Франција, но дека такво нешто не е можно во Србија поради Уставот затоа што би претставувало повреда на човековите права.

14.07.2021 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега