Зголемени квоти за сите 772 аптеки и за април

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за сите 772 аптеки за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за април на приватните здравствени установи аптеки што изнесува од 85 отсто до 90 отсто.

Ова зголемување, се наведува во соопштението од Фондот, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за април.

Од Фондот посочуваат дека континуирано ја следат достапноста до лековите на рецепт и работат на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец.

 

Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките. Ова се прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега