Жан Митрев: Не треба да се носат заштитни ракавици

Заштитни ракавици не треба да се носат. Со нив се прави повеќе штета од колку што се штитиме, изјави доктор Жан Митрев во отвореното студио на Телевизија 24.

„Ние имаме имунитет. Тој се брани, ние се браниме, тоа е нормален процес на одбрана секој ден од бактериите. Тоа е симбиоза која не смееме да ја нарушиме до тој степен со не знам каква изолација или не знам какви превентиви да се пијат. Секој од политиката и од медицината се плаши од она „Не дај Боже ако биде полошо“ и поради тоа ќе бидат на удар на критика, па затоа мора да ги прават максималните мерки“, рече Жан Митрев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега