Жена и 10-годишно девојче прегазени во Радовиш

 

Десетгодишно девојче и постара жена од Радовиш се здобиле со повреди откако во нив удрил автомобил.

-Вчера во 09:15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул. „Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега