Жена измамила гостиварец: Му побарала 1.000 евра за да ја вработи неговата девојка, му земала пари, па исчезнала

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишната Ј.Р. од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во јануари 2020 пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, го довела во заблуда Ј.М. од Гостивар, тврдејќи му дека може да ја вработи неговата девојка за износ од 1.000 евра. Тие оствариле средба, при што Ј.М. ѝ дал на пријавената 300 евра и 1.000 денари, по што контактите биле прекинати и договорените средби не се одржале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега