Жена на чело на Европскиот парламент

Роберта Мецола е избрана за новa претседателка на Европскиот парламент.

Нејзиниот избор се случи седум дена по смртта на дотогашниот претседател на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

Новата претседателка, пратеничка од Малта, е првата жена на оваа функција во последните две децении. Таа во обраќањето од новата функција рече дека Европа се враќа на политичката сцена, по кризата која го загрози единството на Унијата.

„Оние кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата, владеењето на правото, слободата на говор и кои ги гледаат жените како цел и ги ускратуваат правата на нашите ЛГБТИ-граѓани, мора да знаат дека овој дом никогаш нема да го прифати тоа. На оние кои се обидуваат да ја уценат Европа со хибридни напади, им порачувам дека овој парламент нема да се откаже од солидарноста со сите членови, знајте дека диктаторите никогаш нема да нè поделат“, рече Мецола.

Во трката за оваа позиција беа три жени – Малтежанката Роберта Мецола, Швеѓанката Алис Кунке и Шпанката Сира Рего.

18.01.2022 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега