Жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило

Родилката Мирјана Стојческа од Самоков, се породила во болничко комбе на патот кон Прилеп, додека одела на породување.

-Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков  за да се транспортира  бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега