Жена од Радовиш пријавила дека исчезнале нејзините две малолетни внуки

МВР информираше дека вчера во 19:30 часот во Полициската станица Радовиш, 66-годишната Е.К. од село Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, нејзините две внуки, 14-годишната Ј.К. и 16-годишната А.К. се оддалечиле од домот.

Според пријавеното, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во село Сарај, струмичко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа