Жена прегазена во Струга, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.10 часот на ул.„Прва македонска ударна бригада“ во Струга, товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(41) од Битола, удрило во пешакот М.Ј.(63), од струмичкото село Куклиш.

-Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што била пренесена за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Увид бил извршен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега