Жена пријавила дека 64-годишник ја претепал, па пробал да ја силува - со него бил извршен само службен разговор

Денеска (28.03.2023) во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

28.03.2023 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега