Жена пронајдена мртва во својот стан во Скопје

 

Жена пронајдена мртва во својот стан во Скопје, а телото било предадено на обдукција.

„На 05.10.2020 во 18.25 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„ Васил Ѓоргов“ била пронајдена почината З.П.(89) од Скопје“ информираат од МВР.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа