Жена во Далас починала од коронавирус во авион - колку се безбедни патниците од вирусот за време на патувањата

Жена од Далас починала поради заразата коронавирус во авион, рекол функционер од округот Далас.

„Станува збор за женска личности на возраст од 30 години која имала и други болести“, додал тој.

„Неименувата жена починала кон крајот на јули на територијата на аеродромот во Ново Мексико“, рекол судијата Клај Џенкинс за Си-Ен-Ен. Здравството и социјалните служби од округот Далас првпат објавиле информации за нејзината смрт во неделата.

Дополнителни информации за нејзиниот идентитет и здравствената состојба засега не се достапни поради приватноста на медицинските податоци.

Далас нејзиниот смртен случај го смести меѓу 554 потврдени нови случаи на Ковид-19 за кои беше соопштено во неделата.

Иако некои истражувања, вклучувајќи две кои биле објавени минатиот меец, укажале на тоа дека коронавирусот може да се шири и во авион, студии на американското Министерство за одбрана минатата недела покажале дека вентилациониот систем на авионите добро го филтрира воздухот и ги отстранува честичките кои може да пренесат зараза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега