Жена во Јапонија два пати заболела од коронавирусот- професор објасни како е тоа можно

Една жена која работи како возач во туристичка агенција во Осака, по втор пат е позитивна на корона вирусот, што е прв таков случај во Јапонија.

Жената е тестирана на коронавирусот во среда, откако почувствувала болки во градите и грлото, јавува Ројтерс.

Првпат е тестирана во јануари, по што е хоспитализирана, но брзо оздравела.

Министеро за здраство рекол дека таа е прв пациент кој после болничко лекување повторно е позитивен на Ковид-19.

Иако во Јапонија ова е прв случај, во Кина веќе имаше пријавено неколку такви случаеви.

„Еднаш кога ќе ја добиете инфекцијата, таа може да остане во мирување и со минимални симптоми, а потоа состојбата може да се влоши и да „слезе“ во белите дробови и да се добие поголем проблем“ објаснил професорот на Медицинскиот факултет во Њујорк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега