Жена жестоко го нападна полицаецот осомничен за убиството на Џорџ Флојд: „Шеташ слободно како ништо да не си направил“ (ВИДЕО)

Александар Кеунг, еден од полицајците осомничени за убиството на Афромамериканецот Џорџ Флојд бил виден во еден маркет како купува колачи и сок. Тој бил препознаен од друга купувачка, која го снимила, а потоа поразговарала со него и му рекла дека нема право да биде таму.

Кеунг во петокот бил пуштен од притвор со кауција од 750.000 долари.

– Како се викаш, го прашува жената 26-годишниот бивши полицаец. Тој потврдува дека е Кеунг.

– Излезе од затвор и слободно купуваш како да не си направил ништо, продолжува таа.

Кеунг наведува дека го земал тоа што му е потребно, а потоа се одалечува, но таа продолжува да му дофрла дека нема право да биде тука.

– Ладнокрвно уби некого, рекла таа.

Џорџ Флојд умре на 25 март при апсењето, кога се загуши откако еден од полицајците, Дерик Чаувин повеќе од 8 минути му клечеше на вратот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа