Жерновски-Брнс: Се активираат механизмите од НАТО членството

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс, која претставуваше прва нејзина институционална средба во Република Северна Македонија откако двете држави и официјално станаа сојузници во НАТО Алијансата.

Од нејзина страна беа упатени искрени честитки до нашата држава за стекнувањето на статусот- полноправен член на НАТО,  кое иако доаѓа во тешки  времиња,  дава јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава.

На средбата, главен акцент беше ставен на предизвиците во биткатата против КОВИД-19, начинот на справување со коронавирусот, како и за мерките и активностите што двете држави ги преземаат на тој план.

Во таа насока, Жерновски ја информираше амбасадорката Брнс дека Владата на својата вчерашна седница одлучи да побара од НАТО семејството да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи и дека во таа насока веќе се подготвува листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми. Ваквиот чекор беше поздравен од страна на амбасадорката, која истакна дека сојузниците секогаш заеднички ќе одговорат на предизвиците, односно дека членството во НАТО овозможува токму поголема сигурност и стабилност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега