Жестока кавга меѓу водител и батлерот на принцезата Дајана: „Меган има 35. години, знаеше во што се впушта“

Меган Маркл беше целосно вон себе од среќа кога се мажеше за принцот Хари и немаше поим со што на крајот ќе се соочи како постар член на кралското семејство, наведува поранешниот батлер на принцезата Дајана.

„Никој не може да го разбере тој свет. Тоа е многу чуден свет“, рекол Пол Барел во емисијата „Добро утро Британијо“, и додал:

„Хари е шести по ред за тронот, тој нема да направи ништо занчајно за монархијата. Нема многу простор за нив двајца и логично е што навистина ѝ се радуваат на иднината.

Водителот Пирс Морган искоментирал дека „тие двајца само не сакаат да прават досадни работи“ кои доаѓаат со должностите кои ги имаат постарите членови на кралското семејство.

Сепак, некогашниот батлер на принцезата Дајана застанал во одбрана на Хари и Меган.

„На надворешниот свет му е многу тешко да сфати како е да се живее во палатата. Не се мажиш само за едно лице, туку за цело семејство. Меган Маркл едноставно не знаеше во што се впушта“, рекол батлерот на Дајана,

„Ма дајте ве молам, прекинете. Таа е 35-годишна разведена холивудска актерка. Знаеше во што се впушта“, возвратил Морган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега