Жител на Чегране излегол од својот дом и се шетал по селото иако бил на задолжителна домашна изолација

 Жител на гостиварското село Чегране заработил кривична пријава, поради непочитување на мерката за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против В.А (51). Тој е осомничен дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера (19.03) во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13 март, по што повторно бил вратен во изолација, информираат од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега