Жител на Могила со прострелна рана однесен во болница
Жител на Могила со прострелна рана однесен во болница
„На 07.08.2020 во 21:30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент бил заедно со Д.А.(37) во возило на пат кон Прилеп, и побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола“ велат од полиција.
Во Клиничката болница Битола на лицето С.Н од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди- прострелна рана. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
08.08.2020 - 13:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа