Животот е поважен од фудбалот: Мечот Кадиз – Барселона во прекин

Натпреварот меѓу Кадиз и Барселона е прекинат во 81.минута откако на еден навивач му се слоши на трибините. Лекарските екипи веднаш тргнаа да му укажат помош, а голманот Ледезма трчаше да го донесе дефибрилаторот од стадионот.

Останатите фудбалери на теренот се молат за животот на навивачот на Кадиз.

Домашниот клуб денеска слави 112 – годишнина од формирањето, а Барселона имаше водство од 0:2 во моментот на прекинот. Стрелци на головите беа Френки де Јонг во 55.минута и Роберт Левандовски во 65.минута.

10.09.2022 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега