Животот во Вухан полека се враќа во нормала: Два месеци луѓето беа во изолација, а сега покажаа што добија од тоа

Кинескиот град Вухан, првиот во кој избила епидемијата на новиот коронавирус кон крајот на декември минатата година, почнал повторно да се отвара кон остатокот од земјата откако речиси два месеци бил изолиран, што овозможило барем делумно враќање на нормалниот живот на неговите граѓани и повторно обединување на семејствата.

Укинувањето на блокадата во Вухан, кој повторно ги отворил своите граници и започнал со услуги на поединечни метро служби, Reuters го гледа како пресврт во борбата на Кина против вирусот корона, иако во меѓувреме епидемијата се проширила на целиот свет. Сега е дозволен влез во градот со брзи возови. 

Властите на Вухан преземале драконски мерки за да ги спречат луѓето да влегуваат или да го напуштаат градот од 11 милиони жители во централниот дел на Кина.

Цели семејства биле затворени во своите домови, автобуските и такси службите биле укинати, додека само продавниците од важност за живот смееле да работат.

Кинеската Национална здравствена комисија денес соопштила дека во петокот биле пријавени 54 случаи на коронавирус во континенталниот дел на земјата, со што бројот на заразени пораснал на 81.394, додека 3.295 лица починале.

За градот Вухан

Вухан е универзитетски град во централна Кина во покраината Хубеј. Низ градот течат реките Јангце и Хан. Според проценката од 2009-та година, во градот живееле 4.303.340 жители. Поширокото градско подрачје има 8.792.367 жители.

Населението на Вухан забрзано растело последните години. Се претпоставува дека до 2035-та година ќе има повеќе од 10 милиони жители.

Вухан се состои од три дела: Вучанг, Ханкоу и Ханјанг, кои се поврзани со мостови. Вухан го добил името со комбинирање на слоговите од овие три имиња. Овие градови се обединиле во 1927-ма година.

Вухан е најголемото пристаниште на реката Јангце, значаен трговски, индустриски и универзитетски центар, односно вистинско чудо од град. Во поново време се развива електронската, автомобилската и металопреработувачката индустрија.

Во градот постојат бројни споменици од традиционалната кинеска архитектура. Најпознат е "Кулата на жолтата чапја", изворно изграден во 3-тиот век. Интересни се и концертните ѕвона од 433 година пред новата ера во Провинцискиот музеј на Змиското брдо.

Во поново време настануваат модерни градби од кои најзначајни се кулата на банката Миншенг и Светскиот трговски центар Вухан. Во градот има многу езера, паркови и рекреативни центри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега