Зибери: Ќе воведеме социјална пензија за сите жени кои што немаат ниту еден работен ден

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денес во паркот Чаир претстави една од своите заложби за првите 100 дена како Премиер. Тој денеска им се обрати на пензионерите, истакнувајќи ја посебно вредноста на сите жени кои придонеле многу за надградбата на ова општество, а кои во исто време  не создале приход како пензија, затоа што нивната работа никогаш не била официјална.
„Јас како прв Премиер Албанец, сакам да се осигурам дека дури и оние кои никогаш немале службено работно место, но придонеле подеднакво, па дури можеби и повеќе од кој било од нас, нема да останат со празни раце.
Зборувам за оние што честопати се забораваат - за нашите мајки и баби кои работеле еднакво посвететно како и ние мажите кои нѐ одгледуваа и поддржуваа, а кои што не добиваат државна пензија бидејќи нивната работа никогаш не била официјална“- потенцираше Зибери, додавајќи дека една од неговите први активности како Премиер ќе биде да се воспостави социјална пензија за сите жени кои досега немале можност да остварат право на работна пензија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега