Зибери: Три години нула данок за секој кој за прв пат се вработува на возраст под 35 години

Младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер, беше темата на кандидатот за премиер Албанец Насер Зибери на средба со младите во паркот во Чаир. За време на средбата, тој беше запознаен со проблемите на младите, причините зошто планираат да ја напуштат земјата и кои би биле најплодните политики што би ги задржале младите во земјата, каде ги имаат семејствата и каде што најдобро ќе можат да придонесат за нашето општество.

– Јас сум тука за вас младите, а клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој за прв пат се вработува под 35-годишна возраст – истакна Зибери.

Во овој дух на создавање работни места за младите, Зибери додаде:

– Владата, исто така, ќе субвенционира 50 отсто од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри нејзината правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватни претпријатија. На овој начин, албанската младина ќе има повеќе можности за работа во земјата, повеќе можности за попросперитетна иднина, како и можности да се чувствуваат професионално реализирани овде во земјата.

Тој им порача на младите да инвестираат во нивните студии затоа што со започнувањето на преговорите со ЕУ, ќе имаат многу можности да придонесат во многу различни области, а во блиска иднина, како земја-членка на Европската Унија, ќе имаат пристап до позиции на кои се носат одлуки.

– Не само во нашата земја, туку и во круговите каде се носат одлуки на Европската Комисија. Она што нашата генерација мораше да го постигне преку војна, вие можете едноставно да го постигнете преку вашиот глас на 15 јули – истакна Зибери.

Меѓу заложбите кои се преземаат за младите луѓе, Зибери ја истакна важноста за отворање стручни училишта во секоја општина и создавање Фонд за унапредување на знаењето, поддршка за иновации и деловни вештини кај младите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа