Значително надминување на очекувањата: Групацијата EOS оствари рекордна продажба

Групацијата EOS, која е со седиште во Хамбург, оствари уште подобри резултати во фискалната 2012/13 година. Добивката пред оданочување (EBT) на Групацијата изнесува 112,5 милиони евра во споредба со 82,2 милиони евра во 2011/12 година. Со продажба од 515,2 милиони евра, меѓународниот давател на услуги за управување со побарувања, ликвидност и информации значително ги надмина очекувањата.

Со исклучок на Азија, EOS оствари пораст во продажбата во сите региони; Продажбата на Групација EOS се зголеми за вкупно 57,2 милиони евра (12,5%). Ханс-Вернер Шерер, Главен извршен директор на Групацијата EOS, истакна: “Во последните години EOS воспостави широка база на голем број на пазари. Успеваме да ги балансираме слабите фази во една земја со успесите во други земји.“ Тој додаде: “Покрај тоа, ние се фокусираме на квалитетот на нашите услуги на глобално ниво. А токму таквата стратегија носи дивиденди.“

Преглед на клучните показатели за работењето:

 

2012/13

2011/12

Приходи од продажба (милиони евра)

515.2

458.0

EBITDA (милиони евра)

143.4

126.7

EBT (милиони евра)

112.5

82.2

Вработени (вкупен број)

9,585

9,185

 

 

 

Покрај стратегијата за глобализација и проширување која Групацијата продолжи да ја спроведува во 2012/13 година, Германија останува најважен регионален пазар во рамки на Групацијата EOS со 40,6 проценти удел во обртот. Имаше позитивни придвижувања и во откупот на побарувања и во стапките на наплата за постојните портфолија.

 

Во Западна Европа, Групацијата EOS може да продалжи да расте главно како резултат на успешниот откуп на побарувања. Вкупно, Групацијата EOS ја зголеми својата продажба во Западна Европа за 7,1 % односно на 103,5 милиони евра.

И во Источна Европа, продажбата ги надмина резултатите од минатата година, со што вкупно се зголеми за 21,4 % односно на 90,4 милиони евра. Компаниите на EOS во Словачка, Русија и Полска особено придонесоа кон ова зголемување преку високите нивоа на инвестиции и добрите резултати во секторот на откуп на побарувања.

И во Америка, Групацијата EOS успеа да го зголеми својот обрт. Во Северна Америка, EOS оствари продажба од 65,5 милиони евра во 2012/2013 година (52 милиони евра во 2011/12 година). Покрај тоа, канадската компанија која EOS ја презеде во октомври 2011 година придонесе кон значителното зголемување на приходите. На бразилскиот пазар, Групацијата EOS оствари најголем пораст: годишните резултати од регионот за првпат беа вклучени во консолидираните сметки и прикажаа продажба од 45,4 милиони евра.

Во Кина, сериозното опаѓање на извозот кон Европската Унија особено ја ограничи надоворешната трговија. Поради оваа тешка состојба на пазарот, резултатите од продажбата на Групација EOS во Азија не ги исполнија очекувањата во 2012/2013 година.

Како резултат на промената во стратегијата, на крајот од минатата фискална година Групациата EOS ги продаде Hamburg retargeting specialist xplosion interactive GmbH, RatePAY GmbH со седиште во Берлин и  EOS Payment Solutions GmbH, со седиште во Хамбург. Во иднина EOS ќе се фокусира на својата основна дејност - управување со побарувања. 

Групацијата EOS е еден од водечките меѓунардни даватели на прилагодени финансиски услуги. Нејзина основна дејност е управување со побарувања. Со повеќе од 9.500 вработени, EOS обезбедува безбедност преку прилагодени услуги за околу 20.000 нејзини корисници во над 25 земји ширум светот преку 50 подружници. Заедно со меѓународна мрежа од партнерски компании, Групацијата EOS им нуди на своите корисници ресурси во 140 земји на сите континенти. Клучни целни сектори се банкарство, осигурување, комунални, телекомуникациски и  ИТ компании.

 

 

16.08.2013 - 15:23

најчитано сега