Зоолошка остана без омилениот жител: Угина Тобого

Почина жирафата Тобого која повеќе од седум години е меѓу омилените жители на Зоолошката градина во Скопје.

Оваа информација на Фејсбук ја објави Зоолошка градина, додавајќи дека направена била обдукција и не биле констатирани физички повреди.

-Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување. Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш, велат од ЗОО.

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого Денеска беше направена обдукција...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Thursday, 14 January 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега