Зоран Димитровски: Подобро да глумиме со Бугарите, отколку да има говор на омраза

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, во гостувањето на телевизијата Канал 5, во врска со посетата на македонската владина делегација на Софија и заедничката владина седница, вели дека ваквите средби се позитивни, затоа што до вчера имавме состојба на размена на говор на омраза меѓу двете страни.

Според него, дури и дел од средбите да изгледаат одглумено, тоа е подобро отколку да има говор на омраза.

-Иако сега се вели дека се шминка една состојба на добрососедство. Подобро е да глумите добрососедство и да создадете атмосфера за потоа да направите вистински потег. Секогаш сум мислеле ека треба да има геополитички интерес, така и се случи со членувањето на Македонија во НАТО. Балканот останува во фокусот на интерес на ЕУ и САД и смета дека Македонија ќе ги почнат преговорите со ЕУ годинава, оценува Димитровски.

24.01.2022 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега