Зоран Иванов: Ако Европа „падне“ на Бугарија, тогаш Македонија ќе треба да си го брка својот пат

Зоран Иванов, дипломиран новинар, уредник и публицист со своето четириесет и пет годишно искуство во речиси сите медиумски формати, со коментар од една реченица на Фејсбук предизвика тектонско бранување во бугарската, но и во македонската јавност и стана првата „жртва“ во македонско бугарските односи. Во интервју за Прес24, вели дека за него е важно што и со чинот за негово разрешување од Надзорниот одбор на МИА, македонската страна покажала дека е коректна, коперативна и подготвена за соработка.

о галиба попусто, зашто уште наредниот ден дотичната министерка со своите јавни настапи изнесуваше невистини во однос на постот чија содржина е посочена како „говор на омраза“. Постот беше конкретен, за конкретни особи со конкретни имиња, а таа во тамошната јавност подметна дека пораката е насочена спрема бугарските жени што е ноторна невистина и што таа тоа добро го знае. Карактер. Во својот веќе претпознатлив ксенофобичен манир, госпоѓата веројатно сакаше да навлече гнев спрема авторот, па ете, донекаде тоа и и` успеа. Ги фати луѓето на емоција што ја предизвикал некој што не е “нивен“. Но, според реакциите во тамошната јавност, многумина го прочитаа тоа нејзино подметнување, вели Зоран Иванов во интервјуто за Прес24.

Иванов, кој е добитник на бројни новинарски награди и признанија меѓу кои државните „М.Х. Јасмин“ во три наврати, „К.П. Мисирков“ во два и награда на ЗНМ  „За животно дело“, вели дека негов впечаток е дека во делот на човековите права, индивидуланите човекови права, бугарското општество во многу заостанува зад европските вредности и зад европските прокламации на оваа тема.

Во интервјуто зборува и за Договорот за добрососедство, атмосферата во медоимите, како и за релациите меѓу македонското и бугарското општество.

ПРЕС24: Еден Ваш Фејсбук статус предизвика остри реакции и во македонската, но особено во бугарската јавност. Бевте „осудени“ за ширење говор на омраза, со „пресуда“ разрешување од Надзорниот одбор на МИА. Прво како ја толкувате одлуката на Владата?

ИВАНОВ: Ништо случајно. Не сум од „вчера“. Мислам брзо, реагирам брзо и промислено и секогаш без калкулации по некави последици по мене во било која форма. Патем, не бев „осуден“ туку бев „обвинет“ за ширење „сексизам“. Но, не знам каде госпоѓата виде сексизам. За тоа да го има, прво треба да има сексапил. Мислам дека едно без друго не оди, неповрзано е. Нејсе, по реакцијата на тамошната министерка до својот овдешен колега министер, е поведена иницијатива и епилогот е познат. Како член на еден надзорен одбор, на едно државно претпријатие имам потпишано кодекс за етичко однесување на членови со јавни овластувања и тоа е тоа. Врз основа на прекршување на тој кодекс македонската влада донесе решение какво што донесе. За мене е важно што ете дури и со тој чин, македонската страна покажа дека е коректна, коперативна и подготвена за соработка, но галиба попусто, зашто уште наредниот ден дотичната министерка со своите јавни настапи изнесуваше невистини во однос на постот чија содржина е посочена како „говор на омраза“. Постот беше конкретен, за конкретни особи со конкретни имиња, а таа во тамошната јавност подметна дека пораката е насочена спрема бугарските жени што е ноторна невистина и што таа тоа добро го знае. Карактер. Во својот веќе претпознатлив ксенофобичен манир, госпоѓата веројатно сакаше да навлече гнев спрема авторот, па ете, донекаде тоа и и` успеа. Ги фати луѓето на емоција што ја предизвикал некој што не е “нивен“. Но, според реакциите во тамошната јавност, многумина го прочитаа тоа нејзино подметнување.  

ПРЕС24: Без разлика на тоа која била намерата и дали има, или не елементи на говор на омраза, сепак Вие сте искусен новинар, човек со демократски и европски погледи на светот, веројатно бевте свесни како тоа ќе биде протолкувано во Бугарија?

ИВАНОВ: Секако. Посочив и погоре. Министерката во континуитет пласира невистини за Македонија и Македонците. Нејзиниот негаторски однос не е изненадување. Но, изненадување е страста што притоа ја манифестира. Оној видливо нагласен негаторски триумфализам на „моќниот“ врз „немоќниот“. Однесување кое е нешто слично како во времето на средновековието и со класична злоупотреба на ЕУ позицијата на нејзината земја. Искрено, не очекував толку жестоки реакции во одбрана на министерката од тамошната јавност зашто генерално, мој субјективен впечаток, таа таму не е на некоја висока политичка цена.

ПРЕС24: Во контекст на ова, дали Вашиот потег нанесе штета на позициите на Македонија, со оглед на тоа дека Бугарија, пред се министерката Захариева, го искористи како аргумент за нејзините тврдења дека Македонија шири антибугарска кампања и дека тоа е еден вид македонска политика кон Бугарија?

ИВАНОВ: Нема ништо посмешно од тврдењата дека државата Македонија е таа која шири антибугарска кампања. Случајот со антимакедонска кампања е стар колку и државата Македонија. Добро, од некоја година потоа. Повозрасните ги паметат брановите антимакедонски кампањи од времето на тамошната академичка Драгојчева па наваму. Но, се сметаше дека тие некакви историски фрустрации ќе ги снема, ќе исчезнат со паѓањето на Берлинскиот ѕид. Но, се покажа дека тоталистичката ментална матрица во некои од поранешните држави на таканаречениот источен блок и натаму, еве и во ова европско плурално време, се уште се со длабоки корени кои одвреме навреме изртуваат ксенофобии до степен на целосна негација, па оттаму и на омрази спрема, во случајов, спрема соседен народ и на неговата држава. Секако, токму формулациите од типот „соседен народ и неговата држава“, се таа историска ментална матрица што бугарската политика, а со неа и бугарското општество, до ден денес не можат да ја прескокнат.

ПРЕС24: И уште малку за говорот на омраза. Ако реално се погледнат социјалните медиуми и тука и таму, неспорно е дека омраза, навреди, гнев, постои. Но, во мејнстрим медиумите во Македонија таков тип на текстови не постојат, за разлика од Бугарија каде се уште во медиумите има написи кои се базираат на основната бугарска позиција за негирање на македонскиот идентитет. Овде пред се мислам на медиумското форсирање на тезата за омаловажување на македонскиот јазик. Кои се Вашите погледи околу говорот на омраза во медиумите, овде и таму?

ИВАНОВ: Посочив и погоре, мој впечаток е, повторувам, само мој најсубјективен впечаток е дека во делот на човековите права, индивидуланите човекови права, бугарското општество во многу заостанува зад европските вредности и зад европските прокламации на оваа тема. Пак, мој впечаток е дека, наспроти поединецот, наспроти индивидуалната етничка, национална, верска и било која друга припадност, наспроти европските примарни индивидуални човекови права, државата се уште доминантно бдее над колективот што всушност и легислативно е дефинирано. Во тој таков амбиент пливаат и тамошните медиуми. Се уште малку се занимаваат со позицијата на поединецот, адекватно на тоа, генерално така се однсува и тамошното општетсво.

ПРЕС24: Вие бевте поддржувач на договорот за доброседство, од денешен аспект дали овој договор беше навистина добро структуиран?

ИВАНОВ: Па да. Прво беше нужен за натамошните процедури околу македонските интеграции. Второ, тој е само рамка. Основа врз која на разни теми, од економски, преку образовни па се до историски, ќе се продлабочува добрососедството. Ќе се нивелираат, ќе се пеглаат некои минати недоразбирања и ќе се создаваат претпоставки идните политички генерации да ги практикуваат добрососедското пријателство и европската соработка.

ПРЕС24: Денеска, многумина немаат јасна претстава што всушност Бугарија сака во моментов. Тврди нема доследно спроведување на договорот, а од друга страна на површина се позиции за негирање на македонската реалност, иако Захариева, Борисов, Каракачанов, постојано тврдат дека денешната реалност ја признаваат. Што всушност сака Софија?

ИВАНОВ: Во овој билатерален галиматијас не знам, веќе навистина не може да се разбере, уште помалку да се знае, кој што сака и кој што не сака. Прашањето е за милион долари но милионот нема никој да го добие зашто реално никој и не ќе може да даде било каков барем логичен одгвор на нелогични и уште повеќе на нејасни, на целосно неразбирливи барања. Што тоа значи „признавање на реалноста”? Реалноста не треба да се признава или да не се признава. Таа се гледа.

ПРЕС24: Во Бугарија има доста аналитичаи, новинари, експерти, но многу малку активни политичари кои се противат на оваа политика на вето на Софија. Освен неколку поранешни политичари, речиси ниту еден политички субјект, освен новоформираните Републиканци за Бугарија, не се осудува да ја критикува бугарската позиција. Толку ли е македонското прашање политичко-корисно на бугарската политичка сцена?

ИВАНОВ: Ха, „корисно“,  па да, секогаш е коњуктурно. Темите од времето на најроматичниот век што го паметат денешниве генерации ги брануваат хормоните и пумпаат адреналин. И тоа е присутно насекаде и во Европа. Но овде на Балканот тоа се уште се негува со посебна страст. Се сеќавате ли на настанот од пред дванаесет годинии и на тогашната министерка за надворешни работи на нашиот јужен сосед, на тоа со која ли „племенска“ страст таа и делегацијата триумфално го славеа „големото не“ за македонската НАТО интеграција. Истиот тој триумфализам го гледам и сега од страна на актуелната власт на нашиот источен сосед. Како и тогаш таму, така и сега, на сцена е тој, во најблага форма кажано, „едноумен“ политички манир кој нели, е преточен и во нивната фамозна собраниска декларација.

ПРЕС24: Има ли реални шанси за некаков напредок во разговорите до декември, или ветото ќе остане до следна шанса?

ИВАНОВ: О, веќе не знам, ниту јас, а мислам ниту било кој. Можеби Меркел и Макрон знаат, не знам. Последниве денови, забележувате, веќе не важи и флоскулата „ја признаваме реалноста“. Шовинизмот, читај живковизмот, е доминантен на темава па тој се’ повеќе ги потиснува и веќе од нивна страна прифатените начела дека прифаќаат, не признаваат, нема што да се признава, туку дека како некаква реалност прифаќаат „Македонци“, „македонска нација“. И ова последново го снемува од речникот на бугарските преговарачи. Не знам, ќе видиме. Кога ова интервју ќе го здогледа денот, можеби во меѓувреме веќе ќе има и по некоја новина. Не верувам во чуда, со својот вокабулар предлабоко заглавија, избавувањето ќе им биде мошне тешко, па сепак ајде малку оптимизам. Дури и да нема преговори со ЕУ, планетата ќе продолжи да си се врти.

ПРЕС24: Дел бугарски аналитичари велат дека изборите во март се суштински за Борисов. Ако се суди по анкетите ВМРО на Каракачанов може да остане вонпарламентрана партија, но на тамошната политичка сцена има нов субјект, кој по реториката за македонското прашање веројатно е многу подрзок од Каракачанов, а речиси извесно ќе влезе во Паламентот. Тоа е партијата на шоуменот Слави Трифунов. Можно ли е ова да биде многу потежок период за македонско-бугарските односи?

ИВАНОВ: Рано е, но добро забележувате. Ако догодина во март ,,падне” една од партиите со нагласен национален набој, еве на повидок е друга таква. Реков, така е и во Европа, мали националистички партии како доза отпор спрема глобализмот. А за меѓусебните, за меѓудржавните односи, за нас овде полошо од ова не може да биде, не било ниту подобро, но ова е сега толку изразено зашто ни ставаат јамка на самиот ЕУ праг. За другото, за натаму, ќе биде како што ќе решат бугарските гласачи. По март може да биде и полошо.

ПРЕС24: Има ли во позадината на идејата за градење пријателство меѓу Македонија и Бугарија, некој кој работи на штета на тие добрососедски односи?

ИВАНОВ: Има некои теории. Не би сакал и не би можел да спомнувам било што и било кој од аспект на глобалните геостратегиски интереси на „големите“. Но, факт е дека со влегувањето на Република Северна Македонија во НАТО, било чии мотиви за било какво геостратегиско прекројување на некакви сфери на влијание и тоа сега врз грбот една мала земја како нашава, е малку дискутабилно. И за ова прашање јас топката пак ја префрлам на теренот на нашиот источен сосед. Таму тлеат неколку „научни“ тези произлезени и негувани од пазувите на тамошната Академија на науките од типот „Македонизмот е шовинистичка теорија“, „Македонизмот не смее да влезе во ЕУ“ и на ним сличните. Ако е тоа така, ако на ова „падне“ Европа, тогаш тоа ќе значи Македонија да си го брка својот пат па до каде стаса до таму, светот е широк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа