Зоран Заев утре ќе си даде оставка од претседателското место на СДСМ

Премиерот Зоран Заев кажа дека утре, при одржувањето на седниците на Централниот и Извршен одбор на СДСМ, ќе се констатира неговата оставка. Последователно, ќе почне и постапката за избор на нов партиски лидер.

Кој ќе го завземе неговото место се уште не е познато. Постоеја, различни шпекулации во медиумите и партиите, но официјални понуди не се објавени.

Во текот на утрешниот ден, исто така и Африм Гаши најави состаноци со високите претставници на неговата партија, на кои ќе се расправа за предлогот на Заев, да се приклучи партијата кон владејачкото мнозинство.

Додека пак, опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, од Охрид, ијзави дека не сака да ја коментира оставката на Заев, бидејќи како што кажа, премиерот честопати ги менувал своите изјави.

22.11.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега