Зошто Германија има толку многу заразени од коронавирус, а толку малку починати - како успешно се бори со заразата

Зошто Германија има толку малку случаи на починати од корона вирус? На ова прашање се обидува да најде одговор Си-Ен-Би-Си Њуз.

Иако во земјата се регистрирани околу 34.000 случаи, со што Германија е петорангирана во светот, таму има само 172 случаи на починати, што е само 0,5 отсто од вкупниот број случаи.

За споредба, стапката на смртност во Италија е 10 отсто, а во САД околу 1,4 отсто. Интересно е дека Германија, земја со 82 милиони жители, има регистрирано повеќе заразени по глава на жител од Иран, Франција и од САД.

Експертите имаат многу теории за овој феномен, но велат дека пандемијата е во фаза во која не треба да се извлекуваат заклучоци.

Сепак, се смета дека малиот морталитет се должи на големиот број спроведени тестирања. Владата нема соопштено колку вкупно луѓе се тестирани, но вели дека има капацитет да тестира 160.000 луѓе секоја недела.

Агресивното тестирање не само што помага да се забави заразата, туку и да се детектираат полесните случаи, кои во други земји воопшто не се регистрираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега