Ковачевски: Милошоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го повика пратеникот Антоно Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки во Собранието одговарајќи на новинарско прашање за последната одлука на САД за црната листа.
 

 

-Се работи за одлука која ја носат американските институции и кои тие одлуки ги носат врз основа на информации со кои тие располагаат. Со оглед на тоа дека САД се наши стратешки партнери исто како и ЕУ, Владата подготви закон за рестриктинвни мерки којшто е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам да повторам, дека го повикувам пратеникот Антонио Милошоски и неговата политичка партија ВМРО – ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура. Бидејќи очигледно е дека тој од некаква причина го блокира да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен. Доколку не планираат да го стават, тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
19.03.2024 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега