137 санкционирани возачи во Скопје, 23 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас..., информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.

 

03.06.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега