Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“

 

Центарот за јавно здравје Велес излезе со препорака за забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“.

Забраната, како што поочуваат од Центарот, ќе важи се додека стручна институција не изврши испитување и да докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини.

Од Општина Велес информираат дека на нивно барање Центарот за јавно здравје Велес на 13 јуни земал примероци на површинска вода од три места на Езеро „Младост“: од локациите „Плажа 1“ , „Брод Панини“ и „Мотел на Велешко“.

По петдневните испитувања во соопштените резултатите на јавната здравствена институција пишува дека „по однос на микробиолошките индикатори водата во велешко езеро оценета е за добра, додека по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по сатурација, 3-та по присутна матност, 3-та и 2-ра класа по присуство на амонијак, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа“.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро „ Младост“, Центарот за јавно здравје Велес, констатира постоење на „видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата“.

Граѓаните на Велес се револтирани што веќе втора година не можат да се капат во езерото „Младост“ , кое им е единственото рекреативно место во претоплите летни денови.

Велешко езеро „Младост“ секојдневно и оваа лето е посетено од голем број на транзитни туристи кои ноќеваат во хотелите покрај езерото, на одење или враќање од Грција.

Велешани бараат од надлежните инстуции и локалната власт да донесе дотур на  свежа вода за спас на езерото и неговиот животински и растителен свет...

03.07.2025 - 13:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега