21-годишен битолчанец падна во рацете на полицијата - со „ауди“ летал двојно повеќе од дозволеното

 


Вчера во 15:12 часот на магистрален пат Охрид - Ресен, кај место викано „Рибник Крушје”, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(21) од с.Нижеполе, битолско.

Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час.

По документирање на настанот,  против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со возило”.

15.09.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега