266 санкционирани возачи во Скопје

За еден ден казнети се 266 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила, МВР продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. 

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 102 прекршоци, нерегистрирани возила 9, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега