750.000 кокошки ќе бидат уништени поради птичји грип во Чешка

 

Чешките власти ќе уништат 750.000 кокошки на фарма по најголемата епидемија на птичји грип досега, објави денеска „Ројтерс“.

Птичјиот грип беше откриен минатата недела на речиси 150 километри западно од Прага, а властите во вторникот почнаа со подготовки за уништување 220.000 кокошки.

Меѓутоа, чешката државна ветеринарна управа (СВС) денеска соопшти дека грипот се проширил на фармата и дека е донесена одлука да се уништи целата живина од таа локација, пренесе „Танјуг“.

04.01.2023 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега