Адеми: На политичката сцена во земјата има многу актeри, но само еден фактор - Али Ахмети
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 рече дека не се плашеле од опозицискиот фронт како партија и по формирањето на политичкиот субјект од страна на Изет Меџити.
Адеми рече дека политичката сцена во земјава имала многу актери, но само еден фактор, а тој, според него, е Али Ахмети.
„Кога зборуваме за постоечките опозициски партии Беса, Алтернатива. Би рекол дека има многу политички актери на политичката сцена на РСМ, но факторот е еден и единствен, тој е Али Ахмети“, рече Адеми.
21.07.2023 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа