Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во Вардар

 

По шест дена потрага, денеска околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б.

Од МВР потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.

-Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во рекатата Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, потврдуваат од МВР.

29.07.2025 - 20:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега