Адвокатот на Каили со демант: На Ева и немаат стигнато пари на сметка во Панама

Адвокатот на поранешната потпретседателка на ЕП Ева Каили, преку соопштение испратено до грчките медиуми демантира дека на европратеничката ѝ биле префрлени пари од Катар на сметка во банка во Панама, јави дописничката на МИА од Атина.

Адвокатот Михалис Димитракопулос се повикува на соопштението на банката Бладекс од 21 декември за кое вели дека „ги побива клеветничките натписи во медиумите за дознаките од Катар за Ева Каили“ и додава дека банката по спроведената истрага „потврдува дека не постои директна или индиректна врска од било каков вид со лицата кои се сослушуваат во конкретниот случај, меѓу кои и Каили“.

-Сигурно е дека во блиска иднина ќе се докаже дека парите пронајдени во заедничкиот стан со нејзиниот партнер не се нејзини и немаат никаква врска со политичката активност на госпоѓата Каили, пишува Димитракопулос во соопштението објавено од грчките медиуми.

Медиумите во Грција пишуваат дека шефот на грчката Управа за перење пари Хараламбос Вурлиотис, испратил итен документ до Панама, со барање да биде информиран дали се префрлени дознаки од 20 милиони евра од Катар на сметки кои веројатно припаѓаат на Каили и нејзиниот партнер Џорџи.

30.12.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега