Ахмети и Мицкоски денеска имале „информативна“ средба

Првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети се сретнале денеска, објави „Слободен печат“.

Од ДУИ за порталот велат дека средбата била информативна за да се слушнат ставовите на Мицкоски за преспанскиот договор, новото име на државата и спорот со Бугарија.

-Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќате или не? Новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, велат од ДУИ за „Слободен печат“.

Претходно Ахмети се сретна и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев откако тој беше повикан од претседателот на Собранието Талат Џафери за да биде информиран за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата, но и за следните деловнички чекори.

Џафери за в четврток во 11 часот закажа седница за доверба на Владата.

 

08.11.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега